Macedonian English
Call Now +389 70 363 282 

МАКДОМЕН

МАКДОМЕН

  • Дома
  • Веб Дизајн
  • Хостинг
  • Портфолио
  • ЧПП
  • Контакт

Често Поставувани Прашања

Што се колачињата (cookies)

Колачињата (cookies) се мали текстуални датотеки, кои се сместуваат во Вашиот компјутер, таблет или мобилен телефон од страна на веб страниците кои ги посетувате. Овие текстуални датотеки можат да бидат прочитани од страна на веб страниците кои ги посетувате и да помогнат во Вашата идентификација кога повторно ќе ја отворите веб страницата. Овие текстуални датотеки можат да бидат „постојани“ или „привремени“. Постојаните колачиња (cookies) остануваат на Вашиот компјутер и кога ќе го исклучите пребарувачот (ќе преминете во офлајн состојба), додека привремените се бришат штом го затворите интернет пребарувачот. Колачињата (cookies) се користат за повеќе цели, како на пример за да се запомнат Вашите активности и преференции (вклучувања, јазични преференции, големина на фонт или како да ви се прикажува страницата), за да се обезбеди персонализирана/приспособена содржина на веб страницата и да се прикаже навигациската историја на истата.

Зошто се користат колачиња (cookies)?

За техничко функционирање на веб страницата;
За собирање на збирни и анонимни статистички податоци;
За да ги запомниме Вашите преференции како да се прикажува страницата (преференции за параметрите на екранот), како на пример контрастот на бојата или големината на фонтот;
За да запомниме/да се потсетиме, дали се согласувате (или не) со нашето користење на колачиња (cookies) на оваа веб страница.

Кога ја посетувате нашата веб страна користиме услуга на трета страна Google Analytics да собереме стандардни информации за пристапот и детали за однесувањето на посетителите, но на начин без да може некој да биде идентификуван, ниту е овозможено Google да ги открие идентитетот на оние кои ја посетиле нашата веб страна.

Каков вид на колачиња (cookies) се користатт?

Се Користат постојани колачиња (cookies), кои го памтат пребарувањето/сесијата кога корисникот ќе го исклучи пребарувачот, со цел да се задржи состојбата на корисникот.

Време на чување на колачињата (cookies)

Колачињата (cookies) се чуваат во согласност со закон и периодот потребен за постигнување на целта на обработката, односно 60 дена, додека самите не ги избришете или автоматски не се избришат.

Можете ли да ги избришете или контролирате колачињата (cookies)?

Информациите поврзани со колачињата (cookies), не се користат за Ваше лично идентификување. Прифаќањето на овие колачиња (cookies) не е неопходно за работа на веб страницата, но истите би Ви овозможиле подобро искуство во пребарувањето. Доколку сакате овие колачиња (cookies) можете да ги избришете во историјата во Вашиот пребарувач или да ги блокирате.

Можете да ги избришете сите колачиња (cookies) кои веќе се наоѓаат на Вашиот компјутер и можете да ги подесите поголемиот дел од пребарувачите за нивно спречување. Доколку го сторите ова, можеби ќе има потреба рачно да ги прилагодувате преференциите секој пат кога посетувате веб страна.

Што е содржина (директен линк)

Содржина јазол изработен посебно, како на пример страната За Нас, Контакт и слично кој содржат текстови, видеа, галерии, ПДФ и др... една страна.


Што подразбира 1 содржина:
Текст (А4 формат, односно 1800 карактери = 1 содржина)
Производ (2 слики и текст А5 формат, односно 900 карактери) = 1 содржина
ПДФ документ (20 MB) = 1 содржина
Галерија (20 слики) = 1 содржина
Блок = 1 содржина


Што е домен што е хостинг?

Доменот е идентитет на секоја веб-страна. Секоја страна приклучена на интернет се идентификува преку сопствен домен и наставка која прикажува од каде потекнува доменот (.mk и ,com.mk се наставки за Македонски домени)
Домен е името на интернет страницата и претставува низа од карактери за идентификација што опфаќа поле на административна автономија, авторитет или контрола на Интернет, базирано на системот за именување на домени.
Хостинг е место на сервер каде што е поставена интернет страницата. Тој сервер нуди повеќе функционалности и е постојано прикачен на интернет, со што интернет страницата е 24 часа онлајн.


Што е Mobile Friendly Theme?

Mobile Friendly Theme е тема (Website Templates) која работи на сите оперативни системи наменети за уреди како што се: персонални компјутери, таблети и мобилни уреди.
Сите наши веб-страни се со теми кои се прилагодени и оптимизирани за мобилен преглед.
Доколку страната не е оптимизирана, односно не е мобилна (Mobile Friendly Theme), Google ја исклучува од системот за пребарување, со што Вашата страна нема да може да се пронаоѓа на мобилните уреди.


Кој може да регистрира .mk домен

Право на регистрација на .mk домен имаат сите домашни и странски, физички и правни лица.


Кој може да регистрира .org.mk домен?

Право да регистрираат org.mk имаат непрофитни организации, здруженија на граѓани и фондации, политички партии, синдикати, јавни здравствени установи, фондови и друго, странски амбасади, непрофитни странски организаци на кои со меѓународен договор или согласно со закон им е допуштено да вршат непрофитна дејност.


Кој може да регистрира .edu.mk домен

Право да регистрираат edu.mk домен имаат образовни и научноистражувачки установи, странски образовни организаци кои имаат дозвола за вршење образовна и научноистражувачка дејност и сл.


Кој може да регистрира .gov.mk домен

Право да регистрираат gov.mk домен имаат органите на државната управа на Република Македонија, установи и други организаци утврдени со Уставот на Република Македонија и закон, како и јавни претпријатија и единици на локалната самоуправа и градот Скопје. Регистрацијата на .gov.mk се врши во МАРнет.


Кој може да регистрира .com.mk, net.mk и info.mk домен

Право да регистрираат таков домен имаат трговски друштва, физички лица регистрирани за самостојно вршење дејност, лица со јавни овластувања, комори, задруги, финансиски организации, правни лица и физички лица регистрирани за вршење на стопанска дејност.


Кој може да регистрира .com, net, .org, .info и .net домен

Право на регистрација на гореспоненатите домени имаат сите домашни и странски, физички и правни лица. Нов домен се регистрира со посредство на Макдомен.


Дали е дозволено да се регистрира домен со една буква, или бројка?

Називот на доменот се состои од најмалку 1 до најмногу 63 знаци, првиот и последниот знак не може да биде знакот „-“(тире).


  • English English
Макдомен © 2020. Сите права се задржани